Начин на подготовка:
Печката се загрева 10 минути на 200 степени. Тавата во која ќе се печат пилешките наткопани Koko Da, се премачкува со сончогледово масло за јадење Le Bon. Во длабок сад се замешуваат сувите состојки: Камко презла, сув магдoнос, оригано, слатка црвена пиперка, сув мелен лук во прав, хималајска сол Gusto и бибер.
Во подлабок сад се приготвува смесата Le Bon, се замешуваат Le Bon сончогледово масло за јадење и Le Bon сенф и добро се промешуваат. Копаните се прво се премачкуваат во смесата Ле Бон, потоа се валкаат во сувата смеса. Копаните се редат на веќе премачканото тавче и се печат околу 1 час, додека не ја добијат карактеристичната златна боја.
Состојки:
- 1 кг пилешки наткопани
- 2 пакувања Камко презла
- 4 лажици сув магдонос
- 2 лажички слатка црвена пиперка
- 2 лажички сув мелен лук
- 1 лажичка суво оригано
- 2 лажички хималајска сол Gusto
- бибер Gusto
- 3 лажици сенф Le Bon
- сончогледово масло за јадење Le Bon