КАМ со поддршка на спортот и активниот начин на живот!
Со големо задоволство бевме дел од овогодинешниот настан „Тур де Галичица“, организиран од велосипедско-планинарскиот клуб Преспа Бајк.
Настанот обедини околу 250 учесници од Македонија, Белорусија, Украина, Франција, Италија и Унгарија, кои уживаа во трите организирани тури низ прекрасните предели на Преспа и Националниот парк Галичица.
Преку донација на производи, КАМ даде поддршка за реализација на настанот и за сите љубители на велосипедизмот, планинарењето и престојот во природа.
Им благодариме на организаторите за укажаната доверба и им посакуваме уште многу успешни изданија на оваа манифестација.