КАМ со гордост беше дел од вчерашниот Supply Chain Summit 2026 како сребрен спонзор. Настанот што ги обединува компаниите и професионалците од индустријата со фокус на современи решенија, логистика, иновации и развој на малопродажниот сектор.
Нашиот тим присуствуваше на овој значаен настан, каде преку размена на искуства, идеи и нови перспективи се отворија важни теми поврзани со иднината на supply chain процесите и предизвиците во FMCG индустријата.
Преку присуство и поддршка на вакви настани, КАМ продолжува активно да придонесува кон развојот на индустријата, следејќи современи трендови и практики кои овозможуваат уште поефикасни процеси и подобро искуство за потрошувачите.
Остануваме посветени на континуиран развој, ефикасност и обезбедување висок квалитет по најдобри цени за нашите купувачи.