КАМ повторно се приклучи на иницијативата „Social Day“, организирана од здружението на граѓани „Младите можат“, чија цел е да поттикне солидарност, активно граѓанство и општествен развој воден од младите.
Со големо задоволство ги отворивме вратите за 10 средношколци кои имаа можност одблиску да се запознаат со нашата корпоративна култура и начинот на функционирање на компанијата.
Преку директно искуство во различни сектори, учениците добија можност одблиску да видат како изгледа еден работен ден, добија увид во секојдневните работни процеси, динамиката на тимската работа и одговорностите што ги носи секоја позиција.
Како општествено одговорна компанија, КАМ продолжува да ги поддржува младите и нивниот развој. Средствата од нивниот ангажман ќе бидат донирани за иницијативи што придонесуваат за подобра иднина на младите во нашата земја.