2026-10-14T11:42:00Z

Сите новости

КАМ повторно беше дел од Кариерниот ден на Економскиот факултет при УКИМ!

Денес повторно бевме дел од Кариерниот ден на Економскиот факултет при УКИМ!

Имавме одлична можност да се запознаеме со студентите, да им ги претставиме кариерните насоки што ги нуди КАМ и да разговараме за професионален развој, платена пракса и можности за вработување во нашата компанија.

Веруваме дека младите се важен дел од иднината и дека со вистинска поддршка, насоки и посветеност можат да направат големи чекори во својата кариера. 

Голема благодарност до сите студенти кои нè посетија, покажаа интерес и поразговараа со нашиот тим. Ни беше задоволство да ве запознаеме и да ги споделиме перспективите за градење кариера во КАМ!

Се надеваме дека ова е продолжение на многу успешни приказни.