2026-04-20T06:42:00Z

Награди и признанија

КАМ по трет пат е прогласен за работодавач на годината во категоријата маркети

КАМ по трет пат е прогласен за работодавач на годината во категоријата маркети

Ова признание е особено значајно бидејќи ја потврдува посветеноста на КАМ кон создавање стабилна, сигурна и поттикнувачка работна средина, заснована на доверба, одговорност, развој и грижа за вработените. Како најголем работодавец меѓу трговските синџири во земјава, со повеќе од 1.500 вработени, КАМ продолжува да инвестира во човечкиот капитал преку подобрување на условите за работа, редовни обуки и професионален развој.

На изборот што го организира Vrabotuvanje.com.mk, компанијата го освои и второто место во апсолутна категорија помеѓу сите компании, како дополнителна потврда за силната и препознатлива работодавачка позиција што ја гради континуирано.