На 16.10.2024, се одржа првото издание на гламурозната церемонија „Бизнис Лидер“, каде беа доделени престижни награди на најуспешните компании за 2023 година.
Наградите беа доделени врз основа на строго утврдени критериуми, а, лидерите на македонски компании од различни индустриски гранки беа наградени за исклучителни достигнувања во деловното работење и за придонесот кон економскиот раст на Македонија.
Со гордост соопштуваме дека КАМ маркет е добитник на наградата „Бизнис Лидер“ во категоријата „Маркети“ – според оставрени приходи и број на вработени за 2023 година.
Упатуваме голема благодарност до нашите потрошувачи – кои се главна причина за ова достигнување и успех!