2026-04-09T10:41:00Z

Сите новости

КАМ и оваа година обезбеди празнични пакети за своите вработени

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, КАМ и оваа година обезбеди празнични пакети со производи за своите вработени – како дел од бенефициите што компанијата континуирано ги реализира за верските празници.

Со оваа традиција, КАМ ја потврдува својата посветеност кон вработените, создавајќи средина во која грижата и почитта се вредности што се живеат секојдневно.

Во истиот дух, минатиот месец беа доделени пакет производи на нашите колеги од муслиманска вероисповед, по повод Рамазан Бајрам, со искрени честитки и убави желби за празникот.

Благодарни сме за секој член на КАМ тимот – со вашата посветеност, секој успех има поголемо значење.