2026-10-05T10:35:00Z

Сите новости

КАМ и оваа година беше сребрен спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон, кој се одржа на 4 октомври низ улиците на Скопје

КАМ и оваа година беше сребрен спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон, кој се одржа на 4 октомври низ улиците на Скопје.

Како поддржувачи на еден од најмасовните спортски настани во земјата, продолжуваме да ја истакнуваме важноста на спортот, активниот живот и негувањето здрави животни навики. 

Овојпат нашиот КАМТИМ беше уште поброен!  Нашите вработени трчаа на патеките од 5 и 21 километар.

Честитки за сите наши колеги кои трчаа, се бодреа меѓусебно и ја претставија нашата компанија во најдобро светло. Вашата енергија, истрајност и спортски дух се она што го прави КАМТИМ посебен!

Поддршката на маратонот е уште една потврда за нашата посветеност кон општествената одговорност, спортот и вредностите што ги негуваме како компанија. 

Продолжуваме заедно, сплотени и мотивирани – со нови цели, нови предизвици и нови успеси! 

Заедно до целта!