Начин на подготовка:
Месото се сече на ленти, во сад заедно со месото се додадаат сенфот, маслиновото масло и зачините. Сè заедно убаво се замешува и месото се остава да отстои 15 минути. Во тава на загреано масло прво се запржуваат кромидот и лукот, и потоа се запржува и месото, додека не добие румена боја. Подготовка за цацики: краставицата се ренда и се додава грчкиот јогурт Bella Farm и зачините.
Се промешува и цацикито е спремно. Секоја Gusto гиро пита се премачкува со веќе подготвеното цацики, па се редат тркалцата од кромид и домат, се додава месото и по желба се додава и однапред подготвениот помфрит.
Состојки:
- 500 г пилешки стек или свинско месо
- 2 чешниња лук
- малку сенф
- 1 главица кромид
- микс од зачини: црвен пипер, бибер, оригано и босилек
- маслиново масло
- 2 грчки јогурта Bella Farm
- 1 краставица
- 3 чешниња лук
- сок од лимон Le Bon
- зачини: црн бибер, сол и копар
- зеленчуци: кромид и домат
- 1 пакување гиро пити Gusto
- 1 кг помфрит