Во периодот од 9 до 12 јуни, Секторот за безбедност на КАМ реализираше четиридневна обука за 87 заменици раководители од сите маркети низ државата.
Целта на обуката беше нашите колеги да ги унапредат своите знаења за секојдневните безбедносни ризици во работењето и начините за нивно препознавање и превенција.
Преку презентации, практични примери и работа во групи беа обработени теми поврзани со системите за безбедност во маркетите, основите на cyber security, како и сценарија за разбојништво, кражба и кражба од вработен.
Посебен акцент беше ставен на интерактивната работа и размената на искуства, при што учесниците споделија идеи и предлози за понатамошно унапредување на безбедноста во нашите маркети.
Продолжуваме да инвестираме во знаењето и развојот на нашите вработени, затоа што безбедното работно опкружување е заедничка одговорност на сите нас.