fbpx

Историја

 

Првата продавница на КАМ датира од 1995 година, со отворањето на првата продавница во приземјето на Градски Трговски Центар во Скопје, од страна на фирмата основач КАМФУД (сега КАМ ИМОБИЛИЕН).

Отворањето на првата продавница во центарот на Скопје е настан кој го означи почетокот на една приказна за успешен и брз развој.

До крајот на 2015 година, КАМ маркетите веќе станаа вообичаена глетка низ цела Македонија.

Експанзијата на КАМ во Македонија траеше во континуитет во изминатите години се претвори во еден од најголемите синџири од маркети за прехранбени и непрехранбени производи.

КАМ има мрежа од 83 маркети низ цела Македонија, а има и свои маркети во Бугарија.