Кариера

БЕНЕФИЦИИ за вработените

Фокусот на нашата компанија е целосно насочен кон вработените како најскапоцен ресурс на компанијата. Компанијата постојано вложува во своите вработени и континуирано работи кон проширување на листата на бенефиции за вработените.

Нашата компанија како лидер во малопродажбата, воедно е и пример и поттик за останатите синџири на маркети во државата кога станува збор за воведување на бенефиции за вработените.

 news

Бонус за редовност

Настојуваме да ја наградиме редовноста на вработените со бонус за редовно присуство на работното место.

 news

Платен оброк

Обезбедуваме свежо приготвена храна за вработените во Логистичкиот центар.

 news

Ваучер за склучен брак

Даруваме ваучери на сите кои ќе стапат во брак, како подарок за почеток на новото поглавје во животот.

 news

Платен превоз

За вработените во маркети и логистички центар, на вработените им нудиме можност за користење на организиран платен превоз доколку работното место е оддалечено повеќе од 5 км од местото на живеење.

 news

Новогодишни пакетчиња за деца до 10 години

По повод новогодишните празници, компанијата обезбедува новогодишни пакетчиња за децата на своите вработени.

 news

Попуст за престој во хотел Villlage (Охрид)

Компанијата нуди попуст за престој во хотел Village - Охрид, со цел да им овозможи на вработените одмор и квалитетно време за себе и своите најблиски.

 news

Подарок за Денот на жената

По повод Денот на жената, компанијата им доделува подароци на своите вработени - припаднички на понежниот пол, како знак на благодарност и признание за нивната посветеност, труд и секојдневниот придонес.

 news

Пакет производи согласно вероисповед

Компанијата ги одбележува најголемите верски празници со симболичен подарок за вработените.

 news

Училишен пакeт производи

Двапати годишно - за прво и второ полугодие, им доделуваме пакетчиња со училишен прибор на децата на вработените.

 news

Пакет за новороденче

Компанијата доделува соодветен пакет производи за секое новороденче на своите вработени.

 news

Картичка за спорт

На вработените им овозможуваме субвенциониран пристап до спортски активност, со цел вработените да бидат физички активни и здрави.

 news

Слободен ден за лојалност

Компанијата ја цени и наградува лојалноста на вработените кон компанијата.

 news

Слободен ден за роденден

На вработените им доделуваме слободен ден за прославување на роденденот со своите пријатели и семејството

 news

Бонус за препорачан пријател

 Со оваа бенефиција ја наградуваме заложбата на вработените да вработат дополнителен персонал во компанијата. За секој препорачан и вработен пријател, на вработениот му следува бонус.

 news

Колективно осигурување

На нашите вработени им овозможуваме колективно осигурување, со што покажуваме грижа за здравјето на вработените во случај на повреда.

 news

Речиси три пати поголем регрес од законски пропишаниот

Секоја година, регресот во КАМ е повисок од претходната година и речиси трипати поголем од законски пропишаниот. Со оваа бенефиција придонесуваме за зголемување на задоволството на вработените, промовирајќи рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

АПЛИЦИРАЈ ВО НАШАТА БАЗА НА КАНДИДАТИ

Доколку бараш работа и сакаш да градиш кариера во стабилна компанија, во најголемиот синџир маркети кој е лидер на малопродажниот пазар во Македонија,

аплицирај сега!

Сектори во кои имаш можност да ја градиш својата кариера во KAM:

СТАНИ ДЕЛ ОД НАШИОТ КАМ ТИМ

Процес на ВРАБОТУВАЊЕ

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО НАШИОТ ТИМ

Нашиот тим го сочинуваат лојални вработени кои со својата посветеност кон работењето прават разлика во квалитетот на нашето работење. Тие ја движат нашата визија напред, ни помагаат да ги надминеме предизвиците и се заслужни за успехот на нашата компанија. Благодарни сме што се дел од нашиот тим!

 news

Иванчо Димески

Раководител на реон

Започнав со работа како касиер, а денес сум дел од раководниот тим. Во КАМ секој труд се препознава и наградува. Мојата приказна е доказ дека тука сè е возможно и секој има можност да расте.

 news

Софија Милошевска

Шеф на маркет

Среќна сум што работам во компанија што е број 1

Среќна сум што работам во компанија што е број 1 на пазарот. Заедно со колегите секогаш сме подготвени да ги надминеме сите предизвици. КАМ е лидер – и јас сум дел од успехот.

 news

Дарко Симоновски

Директор на финансии, ИТ и организација

Мојата професионална приказна започна веднаш по завршувањето на студиите, кога се вработив во КАМ како регионален менаџер. По извесно време бев распределен во административниот дел во сектор Продажба, коешто ми овозможи да стекнам пошироко знаење и практично искуство. Подоцна, довербата што ми беше укажана ме доведе до позицијата директор на сектор финансии и ИТ.

 news

Софија Белушаноска Талеска

Касиер

КАМ се грижи за своите вработени

КАМ се грижи за своите вработени – тоа го гледам и чувствувам секој ден. Конкурентна плата, сигурност и бенефиции што ја прават разликата. Дефинитивно прав избор за моето работно место. Затоа сум тука веќе повеќе од 5 години.

 news

Влатко Димовски

Тим лидер логистика

Јас сум тимски играч и во КАМ тоа вистински се цени. Работата во логистички центар е динамична, секој ден е нов предизвик, а најубаво е што знаеш дека никогаш не си сам – тимот е твојата најголема сила и најјака страна.

ВО КАМ ГРАДИМЕ КУЛТУРА на грижа и поддршка на нашите вработени.

Развиваме  култура  на активна и отворена комуникација со нашите вработени. На секој вработен му е овозможено да биде сослушан, да се чујат неговите потреби и барања. Целиме кон транспарентно и навремено информирање на нашите вработени и настојуваме навремено решавање на поплаки и недоразбирања. Ги охрабруваме вработените да поставуваат прашања, да побараат совет и помош за прашања коишто директно ги засегаат.

Секојдневно работиме на подобрување на задоволството, моралот и благосостојбата на нашите вработени. Наша крајна цел е создавање на пријатна работна атмосфера, кадешто на секој вработен ќе му биде овозможено да го развие својот личен потенцијал.

Корпоративни настани

Наша цел е да изградиме силен и поврзан тим и за таа цел компанијата организира корпоративни настани кои за нас претставуваат одличен начин за зајакнување на односите помеѓу вработените, подобрување на комуникацијата и подобрување на соработката меѓу членовите на тимот.

Секоја организирана тимска активност ја прилагодуваме за да одговара на специфичните цели, потреби и барања  на нашиот тим, при тоа осигурувајќи дека искуството е пријатно и корисно.

Пракса за студенти

Во КАМ изградивме Програма за платена практикантска работа на студенти. Со поддршка на ментор, студентите се здобиваат со можност да се стекнат со вредни знаења, искуства и вештини коишто ќе им помогнат при идно вработување. Дополнителната обука ќе ги изгради нивните комуникациски и меки вештини кои ќе им помогнат не само за успешно презентирање на доделените работни задачи туку и за нивниот понатамошен личен и кариерен развој. Со овие мерки, компанијата се етаблира како одлична можност за нивна прва и омилена работа, со можност за работа во силен тим, платен прв надоместок и шанса за развој во личната кариера.

Преку пракса за студенти до вработување во КАМ

Ви споделуваме успешни приказни на студенти кои реализираа пракса во КАМ.

 news

Јован Бошковски

Практикант - ИТ Сектор

Од практикант до ИТ ентузијаст

Во текот на праксата развив напредни компетенции во областа на бази на податоци и веб-развој, работејќи на практични задачи и реални системи. Активно учествував во одржување и унапредување на постојни решенија, како и во дијагностика и решавање на технички предизвици. Стекнатото искуство значително го продлабочи моето техничко разбирање и ја зголеми мојата професионална сигурност.

 news

Ирина Трајковска

Практикант

Незаборавно искуство за мене.

Сметам дека со оваа пракса ќе се стекнам со многу нови знаења и вештини кои ќе ми помогнат во иднина. Имам одлични ментори кои се тука да ми помогнат и да ме научат повеќе од оваа област. Дополнително ќе имам прилика да одам и на терен каде што ќе го применам моето знаење од теорија во пракса. Оваа пракса ќе биде незаборавно искуство за мене.

 news

Теодора Ристова

Практикант

Задоволна од праксата и искуството што ги стекнав во КАМ

Активно учествував во креирањето на содржината на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук. Со ова ги усовршив моите вештини во креативност и дизајн. Користев програми како Canva и Photoshop за да создадам визуелно привлечни креативни решенија. Исто така, со користење на професионална фотографска опрема, фотографирав производи за промоција на флаери и на дигитални платформи.

 news

Марија Котеска

Практикант

Моето ИТ практикантско искуство

Активно учествував во секојдневните задачи на ИТ секторот. Со тоа ги усовршив моите вештини во одржување на компјутерски системи и решавање технички проблеми. Користев алатки и програми за администрација на мрежа и бази на податоци, како и софтвер за тестирање. Исто така, имав можност да инсталирам и конфигурирам хардвер и софтвер, како и да дадам поддршка на колегите при нивната работа. Ова искуство ми помогна да научам практични вештини и да стекнам поголема сигурност во ИТ областа.

КАМ ТИМ

Сите