КАМ одбра за Вас КАМ марка – свежо пилешко месо, марка “KokoDa”.
Со купувањето од посебниот асортиман на свежо месо во KAM секогаш ќе бидете сигурни дека купувате стандарден квалитет и ќе го добиете она за што сте платиле; свежина, природен и автентичен вкус и мирис.
Комплетната контрола врз процесите – од одгледувањето на пилето, преку исхраната, начинот на пакување, како и начинот на дистрибуција до маркетите, ни овозможува да ја потврдиме свежината и квалитетот на месото кое го продаваме.
Токму поради ова максимално внимаваме при изборот на производ, каде производството на месо е 100% домашно и можеме да имаме увид во производството, но и да обезбедиме локално, свежо месо на вашата трпеза секој ден.
Целта на оваа висока контрола е тоа секој залак да ви биде задоволство, а оброкот – вистинска гозба за вашите сетила. Вие ќе бидете секогаш сигурни во изборот кој сте го направиле и ќе знаете дека сте го одбрале најдоброто за вас и вашето семејство.
Остануваме доследни на нашето мото, на нашите купувачи да им обезбедиме производи со сооднос цена-квалитет!
На здравје!
Зошто свежо месо?
Со нормална конзумацијата на свежо месо ќе бидете секогаш сигурни дека нема да го нарушите вашето здравје. Свежото месо се одликува со неодоливо сочен вкус, конзистентна структура и текстура.
Потекло
Фармата од каде потекнува месото располага со сопствено производство на храна и зелена маса. Кланичниот капацитет е сместен веднаш до самата фарма, каде по “одморањето”, месото се расекува по категории, се пакува и со запазување на соодветниот ладен ланец, се доставува до нашите маркети. На овој начин обезбедуваме секогаш конзистентност и квалитет.
Одгледување
Одбравме локална модерна фарма, каде животните се одгледуваат во средина како во природата и каде воедно имаме увид во сите чекори низ кои се поминува пред месото да пристигне на рафтот во КАМ. Добитокот е одгледуван со 100% домашна храна, без вештачки додатоци, GMO или хормони.
Пакување
Месото е спакувано во посебно атмосферско пакување за секое парче, кое ја одржува свежината и квалитетот. Хигиенските услови во кои се одгледува и пакува местото се врвни и максимално се запазени сите стандарди.
Исклучително сме горди со оваа линија на свежо место, како и со тоа што освен бескомпромисниот висок квалитет, успеавме да обезбедиме и одлична цена.
Купувајте домашно и проверено месо во вашиот KAM Маркет.