Сите новости

 news

03.04.2025

Нови маркети

📢 Започна со работа новиот КАМ маркет во Лептокарија – Карпош 3! 🎉

Маркетот е распространет на вкупна површина од 852m², со над 30 паркинг места! 🅿️🚗

🛒 Дојдете и уживајте во брзо и лесно пазарување со прегледен распоред и богат асортиман на:
• Свежи месни и млечни производи ✔️
• Топли и крцкави печива ✔️
• Печено пиле ✔️
• Богата понуда на овошје и зеленчук ✔️
• Широка палета на хемиски производи и пијалаци ✔️
Сѐ што ви е потребно ќе пронајдете на едно место! 🤗

🎁 Отворањето го одбележавме со специјални попусти и промоции, дегустација на нашите производи, како и тркало на среќата 🎉
Повелете, Ве очекуваме во новиот КАМ маркет! 🥰

Прочитај повеќе
 
 news

03.04.2025

Реновирани маркети

Започна со работа целосно реновираниот КАМ маркет во Валандово! 🎉

Маркетот е распространет на вкупна површина од 380m², со 25 паркинг места! 🅿️🚗
🛒 Дојдете и уживајте во брзо и лесно пазарување со прегледен распоред и богат асортиман на:
• Свежи месни и млечни производи ✔️
• Топли и крцкави печива ✔️
• Богата понуда на овошје и зеленчук ✔️
• Широка палета на хемиски производи и пијалаци ✔️
Сѐ што ви е потребно ќе пронајдете на едно место! 🤗
🎁 Отворањето го одбележавме со специјални попусти и промоции на дел од асортиманот 🎉
Повелете, Ве очекуваме 🥰
Ваш КАМ!

Прочитај повеќе
 
 news

28.02.2025

Зборуваат за нас

КАМ се приклучи кон инвестицијата за поставување на првите вендинг-машини во Струга и Охрид, како дел од активностите за заштита на животната средина

Општвената одговорност и грижата за средината отсекогаш се примарна водечка мисла во работните активности на компанијата КАМ, поради што во соработка со „Пакомак“ беа инсталирани првите вендинг-машини во дел од КАМ маркетите во Охрид и Струга, каде што секој граѓанин ќе може да се вклучи во одговорно селектирање на отпадот. Во машините ќе може да се остават пластични амбалажи и лименки, а секој одговорен граѓанин ќе „собира“ зелени поени кои носат голем број предности кои ќе можат да се искористат во малопродажната мрежа на КАМ и останати маркети.
Следејќи ја својата корпоративна општествено одговорна стратегија, КАМ инсталираше вендинг-машини во маркетите во четири градови: Крива Паланка, Струмица, Охрид и Струга, а во следниот период оваа акција ќе ја имплементира во 15 КАМ-локации низ поголемите маркети во земјава.

Менаџерскиот тим на КАМ со овој потег го става фокусот на екологијата и се фокусира на компаниската цел да ги мотивира своите лојални потрошувачи  да се вклучат во исклучително важна приказна којашто ќе помогне да се минимизира отпадот и да се подобри квалитетот на живот во секој град во Македонија.

– Сметаме дека секоја активност што го подобрува нашето општество е вредна за да се вложиме во неа, а среќни сме што нашите купувачи нè следат во секој општествено одговорен аспект од самиот почеток. Секако, ова не е само една акција на која ќе се посветиме. За еколологијата и подигање на свеста на луѓето за ова прашање континуирано мора да работиме и да ја развиваме заеднички, без разлика дали на компаниско или индивидуално ниво. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде мотив да се вклучат и останатите компании, за да направиме една подобра, поздрава и почиста земја – велат од менаџментот на КАМ.

Преку бесплатната апликација „Пакомак“, наречена „Ecomac“, секој купувач ќе може да го скенира баркодот кој се појавува на апликацијата и по фрлање на отпадот во вендинг-машината ќе добие зелени поени кои носат ваучери за попусти, како и попусти при плаќање јавни услуги, комунални трошоци, донации итн. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод кој е „поврзан“ само со неговата лична одговорност и еколошка свесност.
Во иднина КАМ останува отворен за соработка за нови креативни проекти кои се насочени да ја подобрат средината во која живееме и еколошката состојба во која секој од нас работи и придонесува.

Прочитај повеќе
 
 news

27.02.2025

Нови маркети

ОТВОРАЊЕ НА НОВ КАМ МАРКЕТ ВО ГОСТИВАР !

Започна со работа новиот КАМ маркет во Гостивар!
Маркетот е распространет на вкупна површина од 542m², со 10+ паркинг места!
Дојдете и уживајте во брзо и лесно пазарување со прегледен распоред и богат асортиман на свежи месни и млечни производи, богата понуда на овошје и зеленчук, широка палета на хемиски производи и пијалаци️.
Сѐ што ви е потребно ќе пронајдете на едно место!
Отворањето на новиот КАМ маркет го одбележавме со специјални попусти и промоции, дегустација на нашите КАМ марка производи, како и тркало на среќата
Повелете, Ве очекуваме во новиот КАМ маркет во Гостивар!
Прочитај повеќе
 
 news

09.11.2022

Нови маркети

ОТВОРАЊЕ НА 76 КАМ МАРКЕТ ВО ДЕЛЧЕВО 09.11.2022

📍 Булевар Македонија Бр. 6

🕗 Работно време: од 08:00 до 21:30
🔲На површина од 515м2
Прочитај повеќе