КАМ го поддржува напредокот на спортот и младите таленти!
КАМ ја проширува својата поддршка кон спортските иницијативи, овојпат со партнерство со ЖКК Баскет Кам Каменица — шампион во Првата женска кошаркарска лига.
Како компанија која континуирано инвестира во развојот на заедницата, ја препознаваме важноста од поддршка на спортот и неговата улога во промовирање на дисциплина, тимска работа и одговорност.
Со ова партнерство, ја потврдуваме нашата заложба за поттикнување на позитивни вредности и создавање услови за развој на нови спортски генерации.