fbpx

Инфо за потрошувачите

Општи информации

Техничката грешка во преводот на декларацијата на путерот ќе биде исправена

Како бренд чиј врвен проиритет се потрошувачите, секојдневно сме во комуникација и одговараме на барањата и потребите на своите ценети потрошувачи. Во таа насока, целосно ги разбираме и почитуваме нивните чувства во врска со ненамерната техничката грешка што се појави на декларацијата на еден од артиклите од нашиот асортиман – германскиот путер „Маркенбутер“. За нас одговорноста кон нашите сограѓани, односно кон целото општество, е од огромно значење и затоа, благодариме на сите кои укажаа на грешката и ни дадоа можност веднаш да реагираме. Штом беше укажана грешката во преводот, продуктот веднаш беше повлечен, по корекција на декларација путерот ќе биде вратен во продажба. Продолжуваме и понатаму транспарентно да соработуваме со сите засегнати страни и имплементирање на законските прописи во секојдневното работење.

Искрено веруваме дека транспарентноста во работата е основа за градење долгорочна доверба меѓу нашиот бренд и потрошувачите. Водејќи се од овие принципи, ние и во иднина ќе продолжиме секојдневно посветено да работиме.

Ви благодариме на довербата.

Со почит,

Ваш КАМ маркет

 

Инфо за потрошувачите

 

КАМ постојано работи на подобрувањена услугите за своите потрошувачи! Во Македонија повеќето маркети работат од понеделник до сабота од 08.00 часот до 21.00 часот.На тој начин Вашето пазарување кај нас можете да го направите според Вашите индивидуални потреби и можности.

Точното работно време на Вам најблиската продавница можете да го дознаете овде.

 

Плаќање со картичка

Во сите КАМ маркети Ви нудиме практично, безготовинско плаќање со кредитни картички Visa, Maestro, Master Cards, Diners .

Предност за Вас: Можете да платите поголеми количини на производи, а притоа не морате да носите поголема количина на готовина.

 

denras-pay

 

 

Постапка за поднесување на потрошувачки приговор

Согласно Закон за заштита на потрошувачите, имате право да поднесете потрошувачки приговор и тоа:

Директно на е-маилот potroshuvachki.prigovor@kam.com.mk

Писмено или усно во седиштето на компанијата ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден Скопје

На нашата веб-страница https://kam.com.mk/kontakt-informatsii/

Вашите лични податоци се заштитени согласно Законот

Потрошувачкиот приговор треба да содержи:

  • Име, презиме и адреса на поднесувачот
  • Субјектот на кој се однесува приговорот
  • Предмет на приговорот
  • Прецизен опис на барањата
  • Придружна документација која е потребна при разгледување на приговорот

КАМ ДОО Илинден е должен да го евидентира потрошувачкиот приговор, да го разгледа, соодветно да постапи и да му одговори на потрошувачот за основаноста и резултатите од постапувањето во рок од 15 дена од приемот.

 

Рекламации:

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, стоката која не е соодветна во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, може да се замени со стока што има соодветен квалитет, во рок од 15 дена сметано од денот кога стоката му е продадена на потрошувачот.

Замената на стоката со соодветен квалитет се врши ако стоката не била употребувана, ако се сочувани нејзиниот изглед, употребни својства, пломби и фабрички означувања, како и фискалната сметка што на потрошувачот му била издадена заедно со стоката.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од страна на потрошувачот немаме соодветна стока, во смисла на стока што ќе одговара на потребите на потрошувачот, истиот има право, по свој избор да бара:

–  враќање на платениот износ или

–  да ја замени стоката со друга соодветна стока во моментот кога ќе располагаме со истата.

Потрошувачот кој барал замена на стоката, ќе биде известен дека располагаме со соодветна, во рок не подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето за замена на стоката.

Гаранцијата на производителот, како и останатите права од законот во врска со неисправни производи, важат независно од ова.

Пред враќањето или замената на производот, Ве молиме обратете се до нашиот персонал на касата.