Првата продавница на КАМ ги отвори вратите во далечната 1999 година, во приземјето на Градски Трговски Центар во центарот на Скопје – настан кој го означи почетокот на една приказна за успешен и брз развој.
До крајот на 2015 година, КАМ маркетите веќе станаа вообичаена глетка низ цела Македонија.
Експанзијата на КАМ во Македонија траеше во континуитет во изминатите 19 години и се претвори во еден од најголемите синџири од маркети за прехранбени и непрехранбени производи.
Денес во Македонија има 70 продавници на КАМ, во кои работат 850 вработени.