Посно традиционално Македонско јадење

Состојки

 

  • 1 главица кромид ситно исечкана
  • 2 чешниња лук ситно исечкани
  • 1/2 шолја маслиново масло
  • 2 големи компири исечкани на мали коцки
  • 1/2 шолја ориз претходно измиен и исцеден.
  • 1 морков ситно исечкан на коцки
  • 2 лажици мешан сув зеленчук
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1 лажица триена сол
  • 1 лажичка букова сол
  • 1/2 лажичка мелен црн бибер
  • ситно исечкан магдонос
  • 250мл. доматен сос
  • 1,5 л. вода (по потреба се додава повеќе да не биде многу густа кашата)

Начин на подготовка

Посно традиционално Македонско јадење

posno2

ПОДГОТОВКА

Одлична идеја за денешниот ручек, особено ако постите. Еве како да го направите:

Начин на подготовка:

Во тенџере на оган ставете го маслото да се загрее, а потоа додадете го кромидот и лукот да се испржат на средна температура. Додадете ги компирот, боранијата, оризот и морковот. Промешајте и додадете ги зачините односно мешаниот сув зеленчук, црвениот пипер, буковата сол, триената сол, магдоносот, и биберот. Додадете го веднаш и доматниот сос и промешајте убаво за сите вкусови да се соединат.

Додадете ја водата и промешајте. Варете ја целата содржина околу 45 минути и по потреба додавајте вода за да не биде премногу густа кашата со зеленчук.

Повремено промешувајте. Додадете го и магдоносот, ситно исечкан. Декорирајте со свежа марула во чинијата и листови свежа жалфија или рузмарин.

Добар апетит !
ПОСЛУЖУВАЊЕ

Се декорира со рендано чоколадо.

 

Време на подготовка: 40 минути
    Maslinovo Nostr Olivo

    Маслиново масло Nostr’ Olivo

    oriz

    Ориз 1кг