fbpx

What they say about us

19 JAНУАРИ 2016 – EUROMONITOR INTERNATIONAL

 

МАЛОПРОДАЖБА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во 2015 година, малопродажбата на прехранбени производи имаше скромно покачување на вредноста од 1% и достигна 90,7 милијарди МКД, како резултат на сериозната политичка криза која изврши негативно влијание врз економското опоравување и довербата на потрошувачите во истата година.

Конкурентно опкружување

КАМ доо ја задржа својата лидерска позиција во доменот на малопродажба на прехранбени производи во 2015 со удел од 6%. Со тоа му ја одзеде водечката позиција на Tинекс MT дооел во 2014, којшто беше лидер во анализираниот период. КАМ доо се покажа високо издржлив во време на криза, успевајќи да го зголеми прометот во текот на целиот анализиран период на продажбата и успешно да го имплементира концептот на хард дисконт, типичен за големи интернационални синџири од дисконти, како што се Aldi и Lidl. KAM доо продолжува да ги снабдува главно потребите на социјално послабиот сегмент на потрошувачи од популацијата во Македонија, како и на љубителите на марки произведени во Германија.