fbpx

Акции

Почитувани потрошувачи!

Еднаш неделно, во КАМ Ве очекуваат атрактивни акциски понуди по вонреден поволен сооднос цена-квалитет. Темите од понудата „Актуелно во КАМ“ претставуваат шаренолико надополнување на нашиот асортиман, и преку целата година нудат по нешто за сечиј вкус.

Уште пред да започне продажбата, ние Ве информираме за нашите седмични актуелни понуди: На нашата веб-страница, преку нашиот имејл-билтен, како и преку нашите печатени флаери кои редовно се изложуваат во нашите маркети. На тој начин можете правовремено да се информирате и да се подготвите за Вашето пазарување во КАМ, и тоа уште од првиот ден на понудата.

Се разбира, ние би сакале од нашите актуелни понуди секогаш да имаме доволни количини на залиха најмалку три дена. И покрај грижливото планирање кое се темели на долгогодишно искуство и на обемни информации од пазарот, за жал, можно е да се случи да не може секогаш точно да се предвиди фактичката побарувачка за некој артикл. Затоа би сакале да Ве замолиме за разбирање доколку при Вашата посета во КАМ маркетот некој артикл од нашата актуелна понуда уште по многу кратко време (понекогаш веќе на првиот ден од продажбата) повеќе го нема на залиха.

Ви благодариме за Вашето разбирање и се радуваме наскоро да Ве видиме повторно во некој од нашите маркети!

Актуелниот леток ќе го пронајдете со клик тука.

Вашиот КАМ тим